Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА, ФАТЕН КАКО ЗАГАДУВА“: Арсовска објави ново видео

„ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА, ФАТЕН КАКО ЗАГАДУВА“: Арсовска објави ново видео

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го обвини градоначалникот на гази Баба дека јавното комунално претпријатие на Гази Баба, прави диви депонии во Јурумлери.
„Фатени сред вршење кривично дело!
Прашајте го ВАШИОТ ЧОВЕК Орце Самка Ѓоргиевски дали уште сабајле ќе покрене акција за одговорност за ДЕМОН градоначалникот на Гази Баба од ВМРО кој е ФАТЕН како загадува, создава диви депонии со неговото јавно претпријатие, пред носот на МВР и со партиска полициска заштита.
 Пред една недела ЈКП Гази Баба и општините ставија црвени таблици да се разликуваат од комерцијални возила и еве ги во акција!

Иако е под општинска надлежност, наместо да ја исчистат Вардариште тие самите правеа депонии, кои откако ги запалија, од општината си нашле замена и почнале да прават диви депонии низ Јурумлери.

По депониите кои со нашите инспектори ги откривме во Ѓорче Петров и Шуто Оризари, ова е најголем доказ дека општинските градоначалници ги прават дивите депонии кои потоа ги палат.

Тоа е единствената причина зошто ја саботираат и блокираат Комунална хигиенa преку нивните партиски кадри, за потоа да глумат едните спасители другите демони.


Слично

Поврзани вести