Градоначалникот на Дојран: Срамота за Силвана Бонева, ова време секогаш има исфрлена риба на брегот
Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, ја обвини поранешната пратеничка и функционерка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. за намерно нанесување на штета на туристичкото место со, како што вели во својот демант, ширење на лажни вести.
Бонева со коментар „Риба исфрлена на брегот и останата без вода“ објави фотографии кои брзо се раширија на социјалните мрежи, а на истите беа прикажани голем број на риби угинати на брегот на Дојранското езеро. Ангов во демантот вели дека општопознато за ова време од годината е тоа што рибите поради мрестењето знаат да бидат исфрлени на брегот од езерото.
„Чувствувам потреба, како Градоначалник да одговорам на невкусните и злонамерни невистини, кои овие денови се шират како лавина низ социјалните мрежи, а се однесуваат на рибите и нивото на водата во нашето езеро.
И наместо истата да работи во интерес на регионот од каде што потекнува, да го промовира Дојран, да понуди соработка, идеи и проекти кои би донеле добро на сите луѓе од овој крај, некогашната пратеничка одбира да шири паника, револт и страв кај народот. Овој пат тоа нема да го дозволиме!

