Градоначалникот на Дебар се прости со мајка му, во градот критично со короната, а болницата е полна
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука се прости од својата мајка. Веста дека таа починала ја сподели на Фејсбук.

Инаку, во Дебар расте бројот на заразени со коронавирусот, а болницата се полни.
Вчера имаше 30 нови инфицирани, а бројот на активни е 144. Овој месец во списокот на оздравени има 32 лица, а починале шест.
„Од вкупно активните, 15 се хоспитализирани во Ковид центарот во нашата установа, сите на кислородна поддршка, двајца пациенти имаме во здравствени установи во Скопје, дваесеттина се на амбулантско лекување, што подразбира добиваат терапија, малку одмараат и заминуваат дома“, вели првиот човек на дебарската болница Баки Алили.
Има интерес за имунизација и тоа го покажуваат бројките за околу 1.100 аплицирани вакцини во последните пет дена.
