ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО, ГОРАН КРСТЕВ-ГРГА ЌЕ ТРЧА ЗА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ - СДСМ го потврди, тој ветува победа
Сегашниот градоначалник на општина Чешиново-Облешево, Горан Крстев-Грга, од редовите на СДСМ, ќе се трка за уште еден градоначалнички мандат за општината со која раководи и во изминативе четири години.
Тој е едно од имињата кои се искристализираа после Извршниот одбор на владејачката партија, кои ја добија потврдата од СДСМ да бидат кандидати за градоначалници во нивните општини.
„Благодарност до СДСМ, благодарност до сите членови на СДСМ од Чешиново-Облешево за укажаната доверба!
Ќе ја докажам и оправдам оваа доверба!
Работевме, работиме и ќе работиме уште повеќе во интерес на граѓаните на општина Чешиново-Облешево! Одиме на победа“, напиша Горанчо Крстев-Грга на својот фејсбук профил.
Слично
