Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, ќе биде нов потпретседател на СДСМ

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, ќе биде нов потпретседател на СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, ќе биде нов потпретседател на опозициската партија.
“СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на СДСМ.

Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат.

Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ.

Продолжуваме заедно, со посветеноста и новата енергијата на целиот наш тим, за подобра иднина на Македонија“, објави Филипче.


Слично

Поврзани вести