Градоначалникот на Центар денеска во Кривичен суд
Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, денеска во Кривичен суд ќе го искаже своето видување за настанот „Насилство во Центар“ за кое СЈО отвори предмет кој продолжува со рочиште против повеќе лица меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешната советничката во општината, Даниела Рангелова.
Саша Богдановиќ ќе биде сослушан во улога на сведок, откако на минатото рочиште свој осврт даде и тогашниот пшретседавач на советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година кога толпа во присуство на полиција ја кршеше општината и упатуваше закани по живот за време додека на седница имаше обид да се промени урбанистички план.
