Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот на Благоевград за македонскиот клуб: Општината нема да го официјализира овој приватен настан

Градоначалникот на Благоевград за македонскиот клуб: Општината нема да го официјализира овој приватен настан

Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов никогаш не забранил отворање на приватен македонски културен клуб и затоа не е потребна некаква дозвола од градот. 

„Ниту дадов дозвола, ниту забрана за отварањето на приватен македонски културен клуб „Никола Вапцаров“, изјави за бугарски 24 часа, Стојанов. 

Отворањето е во недела. Но, таткото на градот нема да оди на настанот. 

„Група луѓе изнајмиле простории од приватно лице и решиле да направат клуб. Општината нема да го официјализира овој приватен настан. Добив покана за отворањето, но нема да одам“, вели Стојанов.

Инаку, за клубот прво имаше соопштение дека го забрануваат и дека Вапцаров бил Бугарин, но потоа градските власти го сменија ставот. 

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски нема да оди на отворањето. 

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев ќе одат во Благоевград. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести