Градоначалникот на Атина доаѓа во Скопје
Градскиот татко на Атина, Јоргос Каминис, доаѓа во Скопје за да ги продолжи средбите со градоначалникот Петре Шилегов.
По посетата на скопскиот градоначалник Шилегов во февруари на главниот град на Грција,
сега атинскиот градоначалник доаѓа во возвратна посета.
Двајцата градоначалници ќе потпишат меморандум за соработка, што беше најавено после средбата во Атина.
Првата официјална средба меѓу градоначалниците на главните градови на Македонија и Грција беше на 9 февруари во Атина.
Тогаш на заедничката прес-конференцијата Шилегов и Каминис кажаа дека не зборувале за
името, туку како да ја зголемат довербата меѓу граѓаните на двете земји преку реализирање
на заеднички проекти.
Слично
