Градоначалникот на Арачиново: Не се виновни граѓаните што не се плаќале даноци
Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, не превзема одговорност дека општината не наплаќа комунални даноци од своите граѓани. Вели дека извештајот на Државниот завод за ревизија за работењето на локалната самоуправа е направен за 2021 кога се локалната власт била во рацете на Милекие Халими.
- Мора да се потенцира дека тоа е за претходниот градоначалник и управители кои биле должни да работат како што треба. Се што стои таму е дека претходникот на тој начин ја водел општината, рече Ибраими во вестите на Канал 5.
Сепак признава дека општината нема податоци за недвижнини и дивоградби, но додава дека за неплаќањето на даноци вината не треба да се бара во жителите, туку во раководството.
- Не е вината во граѓаните, туку во луѓето кои управуваат со општината.Не успеале ниту програмата да ја спроведат. Има доброволно што дошле граѓани , подигнале решение и веќе уплаќаат средства, додаде градоначалникот.
Државниот завод за ревиизја во објавениот извештај за работењето на Општина Арачиново констатира дека во 2021 година локалната самоуправа не добила ниту едно барање за дозвола за градба, но над 2 000 објекти чекаат да бидат легализирани.
Државните ревизори утврдиле дека Општина Арачиново не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за данок на имот, нема приходи по основ на комунална такса на фирма, на користење на музика во јавните локали, за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување на градежно земјиште.
