Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦУНСКИ ГОДИНАВА НЕ ТРОШЕЛ ОПШТИНСКИ ПАРИ ЗА КАФЕАНИ И НЕПОТРЕБНИ ПАТУВАЊА - општината се пофали со нула денари непродуктивни трошоци

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МУЦУНСКИ ГОДИНАВА НЕ ТРОШЕЛ ОПШТИНСКИ ПАРИ ЗА КАФЕАНИ И НЕПОТРЕБНИ ПАТУВАЊА - општината се пофали со нула денари непродуктивни трошоци

Општина Аеродром преку својата официјална фејсбук страница се пофали дека оваа година воопшто не трошеле пари за кафеани и за непотребни патувања.
Како што објавија, оваа, 2022 година, од нејзиниот почеток па се досега, имаат нула потрошени денари за угостителски услуги и патни трошоци. 
„2022 - Година со нула денари потрошени за угостителски услуги и патни трошоци во Општина Аеродром. 

За првпат од своето постоење, Општина Аеродром во една буџетска година ќе потроши нула денари за репрезентација и патни трошоци. За споредба, во 2021 година, до почетокот на мандатот на Градоначалникот Муцунски за угостителски услуги биле потрошени 167.279 денари (2.700 евра - н.з), а за патни трошоци 155.941 денари, односно над 2.500 евра.

Ова е година на голема криза која сериозно го погоди и намали буџетот на Општината. Единствениот начин да инвестираме и да чекориме напред, е токму преку отстранување на непродуктивните трошоци кои служат за лични привилегии и немаат никаков директен бенефит за аеродромци“, се вели во објавата на фејсбук од општина Аеродром.

Слично

Поврзани вести