Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот контра советниците: Што се случува во општина Радовиш?

Градоначалникот контра советниците: Што се случува во општина Радовиш?

Што се случува во општина Радовиш? Кој против кој работи? Јавноста се прашува откако градоначалникот на таа општина изнесе низа обвинувања против членови на Советот .

Герасим Конзулов тврди дека советници работат против интересите на граѓаните.

– На последната седница на Советот советниците од ВМРО – ДПМНЕ, двајца независни и еден од СДСМ ја напуштија седницата со договор како да ги кочат граѓаните на општина Радовиш и поради тоа е одложена синоќешната манифестација за избор на спортист на годината на Радовиш, објаснува градоначалникот Конзулов.

Тој вели дека немало индиции дека  советниците ќе ја напуштат последната седница а револт од оваа постапка изразиле и претставници на спортските клубови .

На вчерашната средба со градоначалникот на Радовиш претставници на спортските клубови го искажале својот револт поради незавршувањето на седницата на која требало да се донесе и одлука за распределба на финансиски средства на спортските клубови за 2019 година и поради тоа е откажана манифестацијата за избор на спортист.

Слично

Поврзани вести