Градоначалникот Ѓорѓиевски се извини, Град Скопје постави друг билборд
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се извини пред јавноста и информира дека градот поставил друг билборд на влезот во Скопје, кој е сосема поразличен од претходниот.
„Кој работи и греши, а ме радува кога најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на граѓаните и ги решаваме нивните проблеми.

Веќе нема заборавени маала и населби, работиме посветено и чесно во служба на граѓаните. Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти. Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат!
Жално е што поминаа два градоначалнички мандати и никој не го промени знакот ,,Добредојде во Скопје", кој руиниран стоеше така со години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека корекцијата нема да чини пари и дека трошоците се на компанијата - изработувач која го поставила преку ЈП ,,Улици и патишта”.
Слично
