Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот Дехари откако доби пријава од МВР: Тоа е затоа што се викам Фатмир

Градоначалникот Дехари откако доби пријава од МВР: Тоа е затоа што се викам Фатмир

Градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари во емисијата „Клик-Плус“ на ТВ21, вели дека „е дозволено сè што не е забрането со закон“, откако пред неколку дена доби пријава од МВР за злоупотреба на службена положба и овластување.

Во периодот од 2017 до 2024 година, според МВР, тој склучил повеќе договори за адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако во рамките на општина, како што беше објавено, постои Сектор за правни работи со вкупно 37 вработени, кои имаат право да ја застапуваат општината пред судовите во државата.

„Членот 8 од Уставот, основни вредности на уставниот поредок – во Република Северна Македонија е дозволено сè што не е забрането со Уставот и со закон. Оттаму тргнуваме сите. И сите повикуваме на почитување на Уставот и законите на оваа земја“, рече Дехари во емисијата.

Според МВР, Дехари ги прекршил Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, на Законот за локална самоуправа, на Законот за јавни набавки, ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка и Правилникот за систематизацијата на работните места.

Дехари рече дека ова е загрижувачко и додаде дека ова се случува само затоа што го носи името Фатмир.

„Пораката е многу загрижувачка, бидејќи градоначалникот на Кичево е Фатмир со неколку мандати на чело на општината, на чело на општина Осломеј, а потоа и на други должности и институции што сум ги водел“, рече Дехари.



Слично

Поврзани вести