Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поранешен градоначалник частел гориво на невработени службеници

Поранешен градоначалник частел гориво на невработени службеници

Против поранешниот градоначалник на општина Василево, Ванчо Стојанов е поднесена кривична пријава од СВР Струмица поради сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“.

„ Во периодот од 2013 година до 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Василево, без претходна одлука на Советот на општина Василево, издавал решенија за трошоци за гориво за приватни и службени патувања на вработени и лица кои не биле вработени во наведената општина, со патнички возила кои не биле во сопственост на општината“ се вели во дневниот билтен на МВР.

Со ова екс градоначалникот на Василево го оштетил буџетот на општината за 303.900 денари. 

Слично

Поврзани вести