Градоначалниците од Истокот не сакаат двојазичност
Градоначалниците од Источна Македонија преку соопштение реагираа на, како што велат, најавата за воведување на двојазичност.
„Остро реагираме на најавата за воведувањето на двојазичност во јавната администрација на територијата на целата држава и енергично се спротивставуваме на таквите заложби на партиите кои тоа го заговараат, односно на раководството на СДСМ и албанските партии“- стои во заедничкото соопштение.
Претседателот на Источниот плански регион, Ратко Димитровски, рече дека тоа би било единствен пример во светот и би било преседан во една суверена унитарна држава некој да помисли да воведе такво нешто. Рече дека се единствени и ќе се заложат тоа да не помине.
Слично
