„ГРАДОНАЧАЛНИЧКЕ, КОГА ЌЕ ГО ИЗМЕТИТЕ И ИЗМИЕТЕ ГРАДОТ?“ Д-р Беќаровски и се обрати на Арсовска, вели улиците пливаат во прашина
Доктор Нико Беќаровски на својот фејсбук профил напиша дека улиците „пливаат“ во прашина наместо во вода, а нагласи и дека порано ги гледал камионите за миење на улиците, а сега не.
„Овие возила ретко, но сепак повремено, ги гледав низ скопските улици во периодот од 2017- 20 година.
Потоа мистериозно исчезнаа, а улиците "пливаат" во прашина место вода.
Градоначалничке, кога ќе го изметите и измиете градот ??“, напиша тој на фејсбук.
Слично
