ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА СКОПЈЕ ОТКРИ ДЕКА ИМА И ДРУГО ДРЖАВЈАНСТВО: За Данела Арсовска нема ништо лошо во двојните државјанста
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во гостување во емисијата „Тешки Муабети“ на Инфомакс потврди дека има и друго државјанство освен македонското, нагласувајќи дека не станува збор за бугарско.
За неа, како што рече, нема ништо спорно во двојните државјанства.
-Има луѓе кои го зеле од мака, од економски причини, дел го зеле за да шетаат по светот без препреки. Меѓутоа, да бидеш носител на бугарски пасош и да критикуваш дека некој друг го има, е тоа е трагично. Јас имам и чешко државјанство, од раѓање, по мајка, рече таа.
Слично
