ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА СКОПЈЕ Е ЕПТЕН ФОКУСИРАНА САМО НА ОПШТИНА ЧАИР“: Дафина Стојановска вели дека таа игра туѓа политичка агенда, но го осуди насилството врз Арсовска

„ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА СКОПЈЕ Е ЕПТЕН ФОКУСИРАНА САМО НА ОПШТИНА ЧАИР“: Дафина Стојановска вели дека таа игра туѓа политичка агенда, но го осуди насилството врз Арсовска

Во гостувањето на Само вистина на Канал 5, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, истакна дека Арсовска е премногу фокусирана само на општина Чаир.

За мене е симптоматично што, градоначалничката на Скопје токму во овој период на неколку месеци пред локалните избори се освести вака и сметам дека ептен е фокусирана само на општина Чаир и сосема е оправдано да се сомнежите фокусирани на тоа дека одигрува нечија партиска агенда бидејќи знаеме кандидатот на Чаир од која опција е моментално, а чија беше и чија е. Сметам дека тоа е залудно. Но, да, се согласувам дека доколку станува збор за дивоградби. Јавна тајна се дивоградбите, не само во Чаир туку низ Република Македонија, но да, институциите се тие кои што треба да реагираат. И ако зборуваме за европски вредности, тогаш јавното обвинителство  би требало да е на потег, да отвори предмет, да види дали треба да се отвори истражна постапка, да се комплетира еден предмет и да почне судска постапка, зошто да не?

Инаку, во однос на она што се случи минатиот викенд, апсолутно осудувам секаков вид насилство, особено во случајов затоа што се работи за жена, но ќе потенцирам, насилство не оправдувам, без разлика кој го врши и врз кого“, рече таа.


ad
Слично

Поврзани вести