Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градоначалникот Богдановиќ за Фактор: Очекуваме од Комисијата за заразни болести предлог за ригорозни мерки

Градоначалникот Богдановиќ за Фактор: Очекуваме од Комисијата за заразни болести предлог за ригорозни мерки

Денеска не се реализираше состанокот со градоначалниците на скопските општини и членовите на Комисијата за заразни болести, но ваквата средба на која треба да се раговара за понатамошните чекори и активности на општините со цел намалување на бројот на новозаразени, е презакажана за в понеделник.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, за Фактор изјави дека очекуваат од Комисијата за заразни болести да им биде посочено да преземат поголеми мерки и активности, како и поголема контрола врз граѓаните.

-Се уште не сме сигурни што конкретно ќе биде предложено од страна на членовите на Комисијата за заразни болести, но претпоставувам дека би можеле да кажат да воведеме рестриктивни мерки од аспект на затворање на детските игралишта, како и парковите каде што имаме огромна фреквенција на луѓе. Јас би истакнал еден пример само, а тоа е дека кафулињата работат до 22.00 часот, па потоа младите се собираат во Градскиот парк. Синоќа таму беше непроодно, така што ќе мора нешто посериозно да направиме, вели Богдановиќ за Фактор.

Инаку, на денешниот состанок требаше да присуствуваат првите луѓе на општините во Скопје кои во моментов бројат повеќе стотини позитивни на корона вирусот. 

До вчера бројката на заразени со Ковид во Чаир беше 336, а следуваат Гази Баба, каде што има 128, Аеродром со 125,  па Општина Центар 121, во Бутел вкупниот број е 118, во Сарај 105,  како и Карпош со 103 случаи на корона вирусот. 

А.Б.

   

Слично

Поврзани вести