Градоначалничката Арифи поостра од нејзиниот лидер Ахмети: Покажува нервоза ако нападот е од маж, а надменост ако е нападната од жена
Жените во македонската политика исклучително повеќе време
имаат посветено на своите јавни настапи и притоа покажуваат многу
повеќе сензибилитет во комуникацијата со јавноста и со медиумите, вели за Женски магазин, Елена Антоновска професионален коуч на ИЦФ и тренер.
Таа направи занализа за три политичарки, на нивната вербална и невербална комуникација - Рашела Мизрахи - пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Мила Царовска - министерка за образование и наука, Теута Арифи - градоначалничка на општина Тетово.
Арифи е многу поостра варијанта од својот лидер
Теута Арифи - во изминатите децении во кои е постојано дел од политиката, актуелната градоначалничка на Тетово се истакна себеси како многу поостра и поприсутна варијанта од лидерот на партијата од која доаѓа. За разлика од другите партии, тука е поразличен пристапот, каде што острината, а сепак со една бескрајна смиреност, која не ја покажувал Али Ахмети, Теута Арифи ја истакнуваше во јавноста. Нејзината вербална комуникација, иако во последните години е сведена на минимум, сепак се одразува со исклучителна реч, постојана афирмација на своите и на ставовите на партијата, внимателност при изборот на зборовите и еден лаконски пристап на говорот. Дури и кога ќе се покажела нервоза, се добива впечаток дека таа нервоза била добро пресметана зошто, како и колку да се покаже на јавноста. Со текот на годините, нејзиниот имиџ од посебен, остана ист и со тоа веќе стана можеби повеќе неинтересен и невпечатлив. Нејзината невербална комуникација е на скоро исто ниво како и вербалната. Точно се знае каде, со кого и како се гестикулира, точно ја познава својата публика и кому се обраќа. Единствено ја издаваат изразите на лицето, кои на моменти не може да ги сокрие, особено кога се чувствува нападната. Доколку нападот доаѓа од страна на маж, покажува нервоза, а доколку е од жена, тогаш е надменост.
За останатите две македонски политичарки, Мизрахи и Царовска, читајте на Женски магазин