Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАДИНКИТЕ ЌЕ БИДАТ БЕСПЛАТНИ ВО ВАЛАНДОВО: Општината целосно ги презема трошоците

ГРАДИНКИТЕ ЌЕ БИДАТ БЕСПЛАТНИ ВО ВАЛАНДОВО: Општината целосно ги презема трошоците

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов најави дека општината целосно ќе ја покрие партиципацијата за згрижување на децата во градинките, со цел да им се помогне на родителите додека трае периодот на енергетската и економската криза.

-Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово. Целта е, да се поддржат семејствата со деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне солидарноста во заедницата, напиша на ФБ градоначалникот Костадинов.


ФОТО: ФБ

Слично

Поврзани вести