Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градинките ги отвораат вратите на 9.септември

Градинките ги отвораат вратите на 9.септември

Градинките повторно ќе почнат да работат на 9 септември. На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца -детски градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19, кое, како што е наведено во нивното соопштение, е планирано да отпочне од 9 септември 2020 година, а до тогаш градинките се должни да се подготват за работа.

-Согласно заклучоците за ова прашање, Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор  за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување на деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, како и да обезбедат  потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање, информираат од Владата.


Слично

Поврзани вести