Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градежно изградено земјиште за зграда, оружје: Што пријавил Максим Димитриевски во Антикорупциска

Градежно изградено земјиште за зграда, оружје: Што пријавил Максим Димитриевски во Антикорупциска

Старо-новиот градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера до Антикорупциската комисија го достави новиот анкетен лист, како должност со стапувањето на функцијата градоначалник во нов мандат. Во него, може да се види дека во минатиот градоначалнички мандат, тој купил земјиште од 105 метри квадратни во Куманово со намена за станбено-деловни згради, кое го платил безмалку 4 милиони денари, или по речиси 37.700 денари од метар квадратен. Новост е и недвижност внесена како „Друг недвижен имот“ од 17 квадрати, која ја платил 300.000 денари и се наоѓа исто така во Куманово.

Опозициската СДСМ во 2021 година го обвини Димитриевски покажувајќи документи од катастарот дека купил земјиште од 9.961 метар квадратен, но тоа земјиште не е впишано во анкетниот лист.

Новост во имотниот лист на Димитриевски е и оружјето - пријавил 11 парчиња оружје во вкупна вредност од 434 илјади денари, како и дозволата за поседување на оружје.

Беа објавени и фирмите во кои има удел тој и сопругата Надица. Димитриевски има удел во МБ ИНЦ ДОО КУМАНОВО која е во стечај, но и во бугарската МБС Глобал, во која има учество од 20 проценти. Димитриевска пак, е ко-сопственичка на „АЈФИКС ДОО“ основана кој крајот на 2015 година, а која се занимава со трговија на големо со метална стока, цевки, уреди и опрема за водовод и централно греење и три години по ред работи со загуби. 

Димитриевски за фирмата во Бугарија лани призна дека има удел, но дека истата немала никакви приходи. 

„Во тој момент Бугарија беше земја членка на ЕУ и од таму можеше полесно да функционира бизнисот , но таа идеја никогаш не се оствари. Сега немам време за бизнис, сега сум политичар“, рече лани Димитриевски.

Александар Тодески

Слично

Поврзани вести