Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАДЕЖНИШТВОТО ДА НЕ НИ БИДЕ СО РЕПУТАЦИЈА КАКО НА СУДСКИТЕ ВЛАСТИ: Серафимовски по свлечиштето при изградба на зграда во Центар

ГРАДЕЖНИШТВОТО ДА НЕ НИ БИДЕ СО РЕПУТАЦИЈА КАКО НА СУДСКИТЕ ВЛАСТИ: Серафимовски по свлечиштето при изградба на зграда во Центар

Откако во општина Центар се случи свлечиште кое оштети инфраструктура и проголта цел тротоар, Андреа Серафимовски од Здружението на градежната индустрија, градежните материјали и неметали при Стопанската комора, во гостувањето во „Топ Тема“ изјави дека недостига редовна контрола на градежните фирми кои градат посебно во центарот на Скопје. 

„ Ние немаме градежни инспектори стручни кои ќе можат тие инспекции да ги направат, туку со оглед на тоа дека повеќе инспекциски служби се надлежни, тука е пазарен инспекторат, тука е трудов инспекторат, цениме дека обука на кадар и кадар правилно распореден во тие инспекции ќе ни доведе голем ред.Повеќе од 80% од градежните фирми што градат посебно мали згради во центарот на Скопје се фирми кои не се познати,“ рече Серафимовски и додаде дека е потребен е систем што ќе гарантира квалитет.

Тој нагласи дека мора да се работи на развивање на градежништвото и да не се дозволи тоа да биде со репутацијата како на судските власти.


Слично

Поврзани вести