ГРАДЕЖНИ РАБОТИ: На овој патен правец ќе има прекин
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
На патниот правец Р1202 Маврово - Дебар, на делницата с.Рајчица – Дебар, поради извршување градежни работи на пат (асфалтирање), сообраќајот ќе биде во прекин од 13.00 до 17.00 часот, информираат од АМСМ.
Од 01.07.2017 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
