Економија, финансии, бизнис

Контакт

Градежниците немаат оптимистички очекувања за следниот период

Градежниците немаат оптимистички очекувања за следниот период
Раководителите на градежните фирми очекуваат намалување на бројот на вработени и на договорените работи во следниот период, покажува анкетата на Државниот завод за статистика. Во наредниот период тие очекуваат и намалување на продажните цени во овој сектор. Оценката за финансиската состојба на нивните претпријатија во четвртото тримесечје од 2013-та е понеповолна отколку во претходното тримесечје, но поповолна во однос на истиот период лани. Инаку според последните податоци на Државниот завод за статистика, македонските градежни компании во 2013-та забележале пад на вредноста на договорените градежни работи во странство за 0,7% во однос на 2012-та година. Но, вредноста на реализираните градежни работи во истиот период се зголемила за 119,3% во однос на 2012 година. Тоа се должи пред се на зголемен обем на извршените градежни работи во Франција, Холандија, Србија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Словенија и Либија. Високо ниво на договорени работи за следниот период останува во Босна и Херцеговина, Германија и Индија, додека во другите земји договорените работи се веќе завршени.
Слично

Поврзани вести