Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започнува градежна инвазија кај граничниот премин во Гевгелија

Започнува градежна инвазија кај граничниот премин во Гевгелија
Започна изградбата на натпатникот на автопатот кај Гевгелија, кој треба да биде завршен за девет месеци, јави Канал 5. Проектот што го реализира Агенцијата за државни патишта е тежок 24 милиони денари. Новиот пат кај граничниот премин е важен за гевгеличани бидејќи ќе го олесни движењето до околните хотели но и населените места. Истовремено општинските власи најавија асфалтирање на нови улици во реонот со вкупна вредност од 60 милиони денари, а според најавите потоа ќе се градат три нови казино-хотели и голем трговски центар на граничниот појас со соседна Грција.
Слично

Поврзани вести