Градежен работник пронашол коски налик на човечки во Автокоманда
Градежен работник пронашол коски налик на човечки во скопска Автокоманда.
Тој вчера пријавил дека при ископ во скопска Автокоманда, во општина Гази Баба, пронашол коски налик на човечки, информираше денеска полицијата.
„Г.Ј. (39) од Пехчево вчера во 11 часот и 55 минути во СВР Скопје пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина, во близина стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки“, соопшти полицијата.
По насоки на јавен обвинител коските се предадени на вештачење.
Слично
