Градежен работник паднал од зграда и починал на лице место
Во ГОБ „8-ми Септември“ вчера бил донесен починат градежен работник, Р.Џ.(55) од Скопје, вработен во градежна фирма „ВАМ Инжинеринг“ ДООЕЛ.
Тој при изведување градежни работи на ул.„Мирче Оровчанец“, во станбена зграда, паднал и починал на самото место.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на Јавен Обвинител, телото е предадено на обдукција.
Слично
