Градежен работник од Центар Жупа загина во Италија
Иселеник од Центар Жупа загина во Италија. Четириесет и осумгодишниот градежен работник, е усмртен од меракен панел на местото каде што работел.
„Со години работи во градежништво во областа Тревизо, каде што живее голема заедница од нашата општина. Родум е од селото Бајрамовци, а подолг период живееше во село Житинани, од каде замина за Италија. Голема трагедија“, изјави за МИА, жител на Житинани.
Тој бил оженет и татко на три деца. За трагичниот настан пишуваат и италијанските медиуми. Наведуваат дека обвинителството во Тревизо отворило истрага, а обвинителката Даниела Брунети наредила да се изврши обдукција на телото за да се открие причината.
Слично
