Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град со големина на лешник паѓаше во Гостивар

Град со големина на лешник паѓаше во Гостивар

Во Гостивар попладнево имаше невреме со град. 

Гостивар попладнево го зафати силно невреме со пороен дожд, грмежи и град со големина на лешник. Невремето почна околу 14 часот и 15 минути. 

Интензивните поројни врнежи ги полнат улиците со вода. Пешаците кои се најдоа затекнати од невремето побрзаа да се сокријат на безбедно најблиску што можат, а возачите да се снајдат до првото паркинг место, пишува Гостиварпрес. 

Поплавени беа и улиците во Велес. И наредните денови ќе имаме нестабилно време. На некои места можно е да наврнат и до 50 литри дожд на метар квадратен. 

фото Гостиварпрес

Слично

Поврзани вести