Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје за една недела најавува нов тендер за автобусите

Град Скопје за една недела најавува нов тендер за автобусите

Град Скопје најавува дека тендерот за набавка на нови автобуси повторно ќе биде распишан во рок од една недела.

Претходната постапка за набавка на 150 електрични автобуси пропадна. Тендерот за 150 електрични автобуси и 75 полначи беше распишан од Министерството за транспорт во февруари годинава. Според планот, 100 автобуси требаше да бидат наменети за Скопје, а останатите 50 за други општини.

Според градските власти, првите нови автобуси би можеле да пристигнат за неколку месеци, но јавниот превоз во главниот град повторно останува во фаза на нови рокови, најави и неизвесност.

Јавниот превоз во Скопје со години се соочува со проблеми – стар возен парк, нередовни линии, преполни автобуси и недостиг на возила во сообраќајот.

Според информациите објавени од СДК, од вкупно 341 автобус на ЈСП „Скопје“, дневно исправни биле 185, а во сообраќај возеле само 157 автобуси. објави Скопје1.мк


Слично

Поврзани вести