Град Скопје ветува решавање на проблемот со контејнери кај градинката „Кочо Рацин“
По објавената сторија на Фактор за проблемот со контејнери за отпад кои се поставени кај детската градинка „Кочо Рацин“ во Центар во близина на Универзална сала од град Скопје најавија негово решавање.

- Град Скопје и јавното претпријатие
Комунална хигиена се упатени во проблемот
со поставените контејнери на улицата Борка
Талевски, кај Универзална сала и заедно
со граѓаните бараат најповолна локација
која ќе биде општоприфатена за конечно
поставување на садовите за отпад. Деталниот
план точно пропишува позиции за поставување
на комунални садови, но проблемот произлегува
од градежните активности на тререн, и
неможноста да се постигне консенсуз за
неопходноста контејнерите да бидат поставени
на една постојана позиција. Очекуваме со
помош и разбирање на населението, а во интерес
на заштитата на здравјето и јавната хигиена,
заеднички да изнајдеме трајно решение
за овој проблем. Екипите на ЈП Комунална
Хигиена ќе проверат за каков проблем се
работи кај градинката Кочо Рацин и доколку
има потреба ќе се преземат мерки и заедно
со граѓаните ќе направат напор да го решат
и тој проблем, ни посочија од град Скопје.
Од Јавното комунално претпријатие Скопје пак, велат дека локацијата на контерјнерите не е нивна одлука, туку на град Скопје и тие сами ги сервисираат истите. Инаку за проблемот на загрижените родители посочија дека може да се обратат до секторот за урбанизам при град Скопје и да поднесат приговор.
Главната грижа на родителите кои се обратија до редакцијата на Фактор е дека контејнерите може да бидат штетни за нивните деца кои секојдневно ги носат во градинката „Кочо Рацин“.
Автор: Христијан Станоевиќ
