Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје со помош за збратимениот Загреб

Град Скопје со помош за збратимениот Загреб

Градот Скопје ќе испрати хуманитарна помош за збратимениот Загреб ќпо големите земјотреси коишто деновиве го погодија главниот град на Хрватска и предизвикаа голема материјална штета. Станува збор за финансиска помош од 50 илјади евра

„Градоначалникот Петре Шилегов телефонски разговараше со својот загребски колега Милан Бандиќ и, со оглед на околностите, затворените граници и вонредната состојба насекаде во светот, договорија помошта која вообичаено се состои од материјали и луѓе за помош при катастрофи, овојпат да биде симболична финансиска сума“, информираше кабинетот на скопскиот градоначалник.

Во понеделникот во утринските часови Загреб беше погоден од серија на земјотреси, во кои има починати и повредени лица, а предизвикана е и поголема материјална штета во која се евидентирани над  5.500 оштетени објекти.

Скопје и Загреб се збратимени градови од 2011 година и досега имаа соработка во областа на образованието, спортот, сообраќајот и културата.


Слично

Поврзани вести