Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАД СКОПЈЕ СО ПАРИЧНИ НАГРАДИ: Сликајте што правите седејќи дома и освојте си 100 евра

ГРАД СКОПЈЕ СО ПАРИЧНИ НАГРАДИ: Сликајте што правите седејќи дома и освојте си 100 евра

Ако сакате на најлесен можен начин да си добиете 100 евра тоа може да го направите така што ќе направите фотографија што правите во овие денови на препораки за седење дома со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Преку јавен повик од град Скопје ги повикаа сите граѓани да објават фотка како им минува времето, без разлика дали сте во изолација сами, со семејството или со милениците, така што ќе го користите хаштагот #СкопјеДома.

Наградите , како што велат од град Скопје ќе се избираат секојдневно а среќници ќе бидат оние најкреативните.

Затоа не чекајте, почнете да учествувате уште веднаш и добијте си парична награда од седење дома.


Слично

Поврзани вести