Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГРАД СКОПЈЕ: Со часови се чека автобус поради суетата на Мицкоски

ГРАД СКОПЈЕ: Со часови се чека автобус поради суетата на Мицкоски

Oд Град Скопје велат дека со часови се чека автобус за на училиште и за на работа поради суетата на премиерот Христијан Мицкоски. 

„Мицкоски во континуитет преку своите кадри креира кризи во јавните претпријатија во Скопје. Одлука за решение за недостигот на автобуси и замената на дотрајаните автобуси со нови еколошки за ЈСП, веќе 24 пат по ред не ја носат послушниците на Мицкоски во Советот на Град Скопје на чело со Трајко Славевски“, велат од Град Скопје.

Додаваат дека со новата криза го остава ЈСП без нафта, а скопјани без јавен превоз како смислено сценарио за урнисување на претпријатието. 

„Кадарот на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио. Во исто време и со истото смислено сценарио приватните превозници, кои скоро воопшто не сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за зголемување на цената по која возат, денес менуваат изјава дека не им биле верификувани извештаи за возење, а кој ќе им ги верификува кога не возат. За одлука за зголемување на цена на приватниците може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје, предводен од Трајко Славевски од ВМРО ДПМНЕ и Мицковистите. За потсетување од моментот кога Мицкоски отпочна да преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, кое како и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, се дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за скопјани, отпочна и голготата на претпријатието. Во исто време почнаа и шпекулации за урнисување на ЈСП поради можно сценарио за негова приватизација“, се вели во соопштението.

Од попладнево нема да има јавен превоз во Скопје оти нема гориво за автобусите. Со месеци има проблеми со јавниот превоз во главниот град, а од граѓаните има многу поплаки. 

Слично

Поврзани вести