Град Скопје се јави: Започнуваме со работа
Фотографија од Кисела Вода во моментов
Град Скопје соопшти дека јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ се на терен со своите екипи и механизацијата по претпладневните снежни врнежи.
-Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите. Град Скопје за оваа зимска сезона обезбеди 4.000 тони сол, што заедно со преостанатите количества од минатата сезона изнесува 4.500 тони сол, како и 300 тони ладен асфалт, наведуваат од градот.
Од таму апелираат дека под нивна надлежност е одржувањето на нормалниот тек само на булеварите и одредени прометни улици кои ги има земено во надлежност, додека за другите места треба да се грижат општините, куќните совети и деловните објекти.

