Град Скопје сака да откупи пет катастарски парцели за 51 милиони денари
Советот на Град Скопје на денешната седница како една од точките на дневен ред че ја разгледува можноста за експропријација на пет катастарски парцели со цел да ја прошири парк-шумата Гази Баба.
„Во насока на зголемување на заштитата на локалитетот Парк - шума Гази Баба, Советот на Град Скопје ќе расправа за Предлог-Одлуката за отпочнување на постапка за експропријација на недвижност во подрачјето на локалитетот Парк - шума Гази Баба.
Со истата се предвидува отпочнува постапка за експропријација на 5 катастарски парцели кои се наоѓаат во подрачјето на локалитетот „Парк - шума Гази Баба", со вкупна површина од 8.492 м2 и проценета вредност од 50.952.000 денари“, се вели во соопштението на Град Скопје.
Слично
