ГРАД СКОПЈЕ РЕАГИРА НА ОБЈАВА ЗА ДРНОВИ ЗА СЛЕДЕЊЕ ДЕПОНИИ И ПОЖАРИ: тврдењата кои ги пренесувате се невистините, неточни и манипулативни
Поради објавена инфомрација на порталот Фактор за загадувањето во градот, во која се пренесува став на поранешниот советник на градоначалничката Данела Арсовска, Умејр Мухамеди до редакцијата на „Фактор“ пристигна демант од градоначалничката.
Во продолжение го пренесуваме во целост нивното обраќање:
Д Е М А Н Т
Во својство на полномошник на Градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска Ви се обраќаме поради следното:
На 30.01.2025 година на интернет порталот faktor.mk, сопственост на правното лице Фактор Портал ДООЕЛ Скопје, објавен е текст со наслов „ГРАД СКОПЈЕ РАСПОЛАГА СО ДРОН ЗА СЛЕДЕЊЕ ДИВИ ДЕПОНИИ И ПОЖАРИ“: поранешниот советник Мухамеди тврди 'на градоначалничката не и беше интересно“, во кој се изнесени невистинити тврдења за факти кои предизвикуваат штета на честа и угледот на Градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска.
Тврдењата кои ги пронесувата од фејсбук профилот на лицето Умејр Мухамеди се невистинити, неточни и манипулативни.
Вие како сериозен интернет портал, водејќи сметка за новинарскиот кодекс и професионални стандарди, треба да објавувате точни, проверени информации и да побарате мислење од засегнатата друга страна, но тоа не е сторено.
Бидејќи пронесувате невистинити тврдења на сметка на
Градоначалникот на Град Скопје, кои претходно не се проверени, ниту е побарано изјава од засегнатата
страна, бараме да објавите демант во рок од 48 часа од приемот на ова писмено, согласно чл.13 од
Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Линк од текстот за кој реагира град Скопје.
