Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје прво ќе ја проверува дипломата на Атанасов, па ќе решава за неговата позиција

Град Скопје прво ќе ја проверува дипломата на Атанасов, па ќе решава за неговата позиција

Град Скопје по вчерашната прес конференција на СУТКОЗ дека директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје излезе со кратко соопштение во кое наведе дека ќе ги истражува искажаните тврдења за несоодветна факултетска диплома, но не посочи дали ќе има одговорност.

- Со оглед на одредени тврдења кои деновиве ги изнесоа одредени организации, во врска со веродостојноста и образованието на директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Александар Атанасов, Градот Скопје посочените наводи ќе ги провери во соодветните државни институции. Веднаш штом имаме одредени сознанија и одговори, за истите ќе ја информираме јавноста, соопштија од град Скопје.

Сторијата за проблематичното високо образование на Александар Атанасов прв ја откри Фактор.мк. За оваа тема испратени се и прашања до град Скопје на кои чекаме официјален одговор.


Слично

Поврзани вести