Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје поставува 10.000 ЛЕД светилки

Град Скопје поставува 10.000 ЛЕД светилки

Град Скопје соопшти дека продолжува со поставување на економичното улично ЛЕД осветлување на скопските булевари. Синоќа почна со инсталација на ЛЕД светилки за улично осветлување на улицата Франклин Рузвелт, на потегот од улицата Васил Ѓоргов до Зоолошката градина, на кој ќе бидат поставени 43 светилки.

Инсталацијата на ЛЕД светилките продолжува на булеварите Илинден, Партизански одреди и Александар Македонски, додека 53 ЛЕД светилки се инсталирани на булеварот Никола Карев, кој е при крај со реконструкцијата.

„Првичната придобивка од овој обемен проект ќе биде воведување паметно ЛЕД осветлување на градските сообраќајници, со кое ќе се модернизира осветлувањето и неговото менаџирање, а ќе се намалат и трошоците. Со проектот е предвидено да се постават околу 10.000 ЛЕД светилки и да се дигитализира системот за осветлување при што со помош на паметните алатки осветлувањето ќе свети или ќе осветлува онолку колку што во моментот е потребно, зависно од движењето на луѓето и затемнетоста на околината. Со овој проект Градот Скопје очекува заштеда за околу 60 до 70 проценти во одржувањето на уличното осветлување“, соопштија од градот.

Поставувањето ЛЕД светилки за улично осветлување на градските сообраќајници е во рамки на проектот „Smart city“ а договорот е склученсо групата понудувачи Македонски телеком АД – Скопје, ВЕРСО – Загреб и Винт – Скопје за набавка и имплементација на систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град.



Слично

Поврзани вести