Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје: Останаа уште 107 милиони денари од лани, наскоро субвенции за инвертер клима

Град Скопје: Останаа уште 107 милиони денари од лани, наскоро субвенции за инвертер клима

Град Скопје во 2021 година ги продолжува мерките за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање, како и за субвенционирање на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците а во годинешниов јавен повеќ ќе бидат користени 107.404.074 денари.

Станува збор за недотрошени пари откако во 2020 година Град Скопје доби средства во висина од 322.400.000 за оваа намена, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 1 јануари 2021 година. Средствата предвидени за овие субвенции се добиени од Владата.

Согласно со годинешната програма, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

Според анализата на годишно ниво, граѓаните заштедат околу 19.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 22.000 денари во однос на загревањето со термо печка.

Советот на Град Скопје на вчерашната седница ја донесе и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција за надоместување на дел од трошоците на домаќинствата и на други субјекти на подрачјето на Градот Скопје за чистење оџаци за 2021 година. Со оваа одлука е утврдено дека максималниот износ за доделување на поединечна субвенција е во висина од нето износ најмногу до 1.200,00 денари по домаќинство или правен субјект, додека персоналниот данок на доход е на товар на Град Скопје.

„Наредниот период ќе биде распишан јавен повик за доделување субвенции за чистење на оџаците, а за аплицирање на јавниот повик ќе биде потребно да се прикаже оригинална фискална сметка со датум од 01.01.2021 година, па се до исцрпувањето на буџетот за оваа намена, но не подоцна од 30.11.2021 година“, најавуваат од Град Скопје.


Слично

Поврзани вести