Град Скопје објави адреса за проблеми: Ќе се одговара 24 часа
Град Скопје објави дека започнува реализацијата на проектот Скопје 24 часа во служба на граѓаните.
„Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните. На оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните, стои во соопштението.
Се додава дека во моментов се вршат последните подготовки за ставање во функција и на Канцеларија за комуникација со граѓаните која ќе биде отворена 24 часа за нивните потреби, а целиот процес ќе се одвива етапно во следните три недели.
Слично
