Град Скопје: Нема уништување на зеленилото за новиот Луна Парк
Градот Скопје демантира дека поради изградбата на новиот Луна Парк, ќе се уништи зеленилото во паркот.
„Санува збор на невистинита информација. Луна Паркот ќе се протега на истата површина како и досега и нема да се завзема и уништува зеленило во Градскиот Парк. Според деталниот урбанистички план, големината на соодветните парцели изнесуваа 84.070 квадратни метри, додека самиот забавен парк ќе се протега на истата површина како и досега на површина од околу 24.000 метри квадратни“, велат од Градот.
Вкупната проценета вредност за изградба на Луна паркот, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе изнесува околу 6,5 милиони евра.
„Главниот забавен дел на паркот ќе има два адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини. Во Луна паркот во отворениот дел ќе има влезна партија со билетарница, продавница за сувенири, ресторани, канцеларии за администрацијата, тоалети и гардероби за вработените, како и затворен мултинаменски објект со облик на школка“, се наведува во соопштението
