Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје: На 15 август дискусија за нов ГУП за териториите на Карпош и Сарај

Град Скопје: На 15 август дискусија за нов ГУП за териториите на Карпош и Сарај

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.

Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Карпош и на Општина Сарај ќе се одржи на 15 август во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13).

- Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија, а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје (барака број 16) или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk.

Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес, гласи повикот на градската управа.


Слично

Поврзани вести