Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје му најде замена на уапсениот директор

Град Скопје му најде замена на уапсениот директор

Бобан Црничиќ е новиот в.д. директор на јавното претпријатие „Улици и патишта“. Назначувањето го направил градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој завчера го разреши досегашниот директор Сенад Смаиловиќ. 

Како што информирале од Градот, новиот в.д. директор Бобан Црничиќ досега бил деловен асистент на Смаиловиќ.

Смаиловиќ бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, објави дека го разрешил Сенад Смаиловиќ, откако директорот на јавното претпријатие, според тоа што претходно го објави „Лидер“ , бил фатен со кокаин од полицијата во Струга.

Шилегов сепак, вчера, не ја наведе причината поради која го разрешува директорот, кој во јавноста беше познат под името Сенко.

„Дозволете ми да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта - Скопје денес е разрешен од досегашната фунција“, напиша кратко Шилегов на својот профил на Фејсбук.

Според полицискиот билтен, На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. 

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – стои во билтенот на МВР.

Слично

Поврзани вести