ГРАД СКОПЈЕ: Мицкоски уште еднаш да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници
Oд Град Скопје апелираат до премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници.
„Ако Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ сака да биде од корист на скопјани, на следната седница нека гласа за програмите за работа на јавните претпријатија и нека ги заслужи 500 евра паушал кои ги добива секој месец од скопјани за да глуми икебана. Перински да не се крие зад Стојановски по вчерашниот дебакл, а апелираме до Мицкоски уште еднаш да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници. Градот Скопје останува отворен за искрено партнерство со Владата во корист на граѓаните на градот Скопје“, додаваат од Градот.
Во Владата вчера имаше состанок меѓу градоначалничката Данела Арсовска, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински за состојбите во градот и до крајот на неделата Арсовска ќе треба да предложи план.Во Скопје има проблеми со собирањето на сметот, но и со јавниот превоз.
Слично
