Град Скопје ќе основа институција „Кензо Танге“
Град Скопје ќе основа јавна установа за урбанизам „Кензо Танге“, со цел вршење на архитектонски дејности, инжинерство и со него поврзано техничко советување, развој на градежни проекти, како и останати стручни , научни и технички дејности. Одлука за основање на јавна установа за урбанизам на Град Скопје „Кензо Танге’’ помина на денешната седница на Советот на Град Скопје.
Установата за урбанизам ќе учествува во изработка и донесување на генерален урбанистички план на Град Скопје, спроведување и следење на спроведувањето, ќе изработува урбанистички планови и урбанистички проекти и ќе учествува во нивното донесување, спроведување и следење на спроведувањето, ќе изработува стручна ревизија на урбанистички планови и урбанистички проекти согласно условите за вршење на ревизија пропишани со закон; ќе изработува проектно-техничка документација за инфраструктурни и супраструктурни објекти како и надзор над имплементација на истите, ќе изработува студии, експертски елаборати и програми поврзани со планирањето и уредувањето и просторниот развој на градот, одржување и ажурирање на базата на просторни податоци за своето подрачје; следење и анализа на спроведувањето на урбанистичките планови; изработка извештај за состојбите во просторот; изработна на основни и сообраќајни проекти и др.
Покрај ова, установата ќе остварува соработка со надлежните институции за планирање на просторот при изработувањето на просторни планови од нејзина надлежност
Почетните средства за работа на јавната установа во износ од 5 000 (пет илјади) евра во денарска противредност, се обезбедуваат од Буџетот на Град Скопје.
