Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје ќе го казни изведувачот на реконструкцијата на кејот „13 Ноември“

Град Скопје ќе го казни изведувачот на реконструкцијата на кејот „13 Ноември“

Град Скопје информира дека дрвјата на кеј „13 Ноември“ во центарот на Скопје биле бетонирани по грешка од страна на изведувачот кој ја реконструира и проширува  оваа површина, но вчера предизвика негативни рекации на социјалните мрежи.

Од Град Скопје велат дека градскиот инспекторат направил записник според кој изведувачот ќе биде казнет и уверуваат дека со „ослободувањето“ сите дрвја на кејот сега се целосно заштитени и нема да имаат последици при нивното растење и развивање.

- Град Скопје искажува благодарност до граѓаните и невладините организации за алармантноста при грешката на изведувачот, што овозможи и брза реакција на градските служби во оваа ситуација. По налог на градоначалникот Шилегов, од страна на градскиот инспекторат беше направен и записник според кој изведувачот ќе биде казнет, информира градот.


Слично

Поврзани вести