Економија, финансии, бизнис

Контакт

Град Скопје ќе ги учи таксистите англиски

Град Скопје ќе ги учи таксистите англиски
Градот Скопје распиша јавен повик на кој можат да се пријават сите такси возачи и да добијат бесплатна обука за англиски јазик. Трошоците за обуката во целост ги покрива Градот Скопје, а таксистите ќе имаат лекции кои ќе траат 80 часа или 40 блок-часа. Обуката треба да им помогне на таксистите да ја исполнат законската обврска за познавање англиски јазик, која наскоро стапува на сила. Заинтересираните кандидати треба да не се постари од 62 години и да се вработени како такси-возачи во правни лица лиценцирани за такси-дејност од Град Скопје. Својата пријава во следните 45 дена тие треба да ја достават до Архивата на Град Скопје во барака број 16, а заедно со неа треба да се достави копија од лична карта и копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува.
Слично

Поврзани вести